Премиерот Груевски вчера избегна средба со новинарите кои трпеливо го чекаа половина час да пристигне на закажаниот настан во Градиште и уште толку време за да го обикoли Музејот на вода. Тие сакаа да го прашаат за проблемите со учебниците, но и за други актуелни теми.

Наместо изјава тие добија ветување дека на прашањата за кои новинарите пројавија интерес ќе одговори деновиве.


Новинарите чекаа но не добија одговори од премиерот

OhridNews