По вчерашната јавна осуда на учесниците во инцидентите на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, претседателот на владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во Охрид уште еднаш ги коментираше случувањата кои беа сврзани околу изградбата на црква во Скопје.

Вчера ги осудив инцидентите. Секој има право  да го искаже своето мислење, да протестира за или против, да поддржува и осудува. Меѓутоа, тепање и инциденти не се дозволиви и против сите кои на некој начин учествувале во нив треба да се преземат и ќе се преземат мерки“, најави премиерот, Никола Груевски.

Оhridnews