Утре свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец- Елшани. На свеченоста освен градоначалникот Никола Бакрачески и претставници од локалната самоуправа, ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.
Патот од авто- кампот Елешец до селото Елшани во должина од 2258 метри се реконструира по изминати четири децении, со средства од кредитот добиен од Светска банка.
Вкупната вредност на проектот е 7 милиони и 610.000 денари. Изведувач е акционерското друштво „ Илинден“ од Струга.
OhridNews