За пензионерите со ниски примања кои не можат да си дозволат престој во приватните старски домови, ќе се градат нови домови, најави премиерот Никола Груевски додавајќи дека домовите ќе се градат најпрво во Скопје, а потоа и во другите градови.
– Сакаме да помогнеме да се зголеми капацитетот на државните старски домови, но не сакаме да им бидеме конкуренција на приватните. Од една страна тие помогаат со згрижување на стари лица кои имаат потреба од такви домови, а од друга страна не ја вршат работата за оние пензионери кои имаат пониски пензии и немаат имот. Нашата одлука е да почнеме градба на нов старски дом, прво во Скопје, а потоа и во други градови во Македонија кои ќе ги згрижуваат лицата кои не можат да бидат прифатени во приватните домови“, рече Груевски.
OhridNews