Самак Сундарвеј, премиер на Тајланд, е главна ѕвезда во тв шоу каде работи како кувар. Но Сундарвеј вели дека ќе направи пауза во паралелната кариера, што делумно се должи на притисоците на неговите политички ривали во изборната кампања на Тајланд која е во тек.


Политичките ривали на Сундарвеј се жалеле на Државната изборна комисија дека премиерот на Тајланд не  би смеел да биде вработен во приватна фирма. Сундарвеј тоа го оспорува, но вели дека ќе се воздржи од јавната кујна додека комисијата не ја донесе одлуката.

Премиерот на Тајланд станал познат по своите необични специјалитети како што е „Свински нозе во сос од Кока Кола“.