Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе се сретне со висока делегација на француската банка Societe Generale Group, во чија сопственост е Охридска банка.

Делегацијата ќе биде предводена од Жан-Луј Матеи, директор на меѓународната мрежа на банката.

На средбата ќе присуствува и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Ohridnews