Премиерот на Норвешка избра кретивен начин да дознае какво мислење имаат обичните граѓани за политичката ситуација во земјата па така одлучи да помине еден ден во улога на такси возач.
Во видеото кое беше објавено на социјалните мрежи Јенс Столтенберг изјавува: “Мене ми е многу важно да го слушнам мислењето на моите граѓани, а сметам дека таксито е најдоброто место да го направам тоа”
Премиерот возел црн мерцедес, а бил облечен во униформа која ја носат сите таксисти во Осло.
Скриена камера ги снимала сите реакции на луѓето и нивните желби и барања кои ги имале до премиерот, а возењето било на “негова сметка”.
Реакциите на жителите на Норвешка на овој невообичаен потег кој е дел од кампањата за изборите кои треба да се одржат на 9ти Септември биле навистина позитивни.