Претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски, денеска, ќе престојува во посета на  Охрид. 

Груевски  предвидено е да ги посети Плаошник, градскиот пазар и плоштадот каде премиерот ќе оствари непосредна средба со граѓаните. Претседателот на Владата  ќе го посети и  хотелот Инекс Горица, по што тој  ќе реализира интервју на една од локалните телевизии.

Оваа посета е дел од владиниот проект “Со Вас” чија примарна цел е приближување на владините институции и претставници до граѓаните на Република Македонија.