Премиерот на Република Македонија Никола Груевски денеска беше во посета на три населени места во општина Дебрца. Тој присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а беше дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Исто така премиерот го посети и селото Требеништа каде што присутвуваше нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште.
Премиерот истакна дека со реконструкцијата на водоводот во село Ботун, се решил еден сериозен проблем со водоснадбувањето.
-На изборите дадовме ветување дека тоа ќе го санираме, односно дека ќе направиме темелна реконструкција со нови извори коишто ќе го подобрат водоснабдувањето, така што во Ботун сега нема повеќе проблем со водоснабдувањето. Отпочна со градбата и системот за одведување на отпадни води, кој е исклучително значаен за Мешеишта и околните населени места, бидејќи овој колектор ќе опфати повеќе канализации и ќе реши многу проблеми на населението, рече Груевски.
Тој информираше дека во селото Требеништа е напревена темелна реконструкција на локалното училиште, заменети се сите прозорци, подот, а претходно бил заменет и таванот и биле направени низа интеревенции за воспоставување на подобри услови за одвивање на наставата.
Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски рече дека со реализацијата на проектот за изградба на колекторскиот ситем, општина Дебрца за прв пат го решава проблемот со одведување на отпадните води од домаќинствата, што ќе придонесе и за заштита на животната средина.
-Ќе напоменам дека се работи за проект кој е долг повеќе од осум километри и инвестиција од 250.000 евра. Во овој колектор ќе се поврзат селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани, објасни градоначалникот Трајкоски.
Тој исто така најави дека има и други проекти кои се реализирани или навремено ќе се реализираат во наредниот период со цел да се подобрат условите за живот и развој во општина Дебрца.
OhridNews