Во Охрид ќе се градат неколку елитни хотели најави  премиерот Никола Груевски.

Во разговор со новинарите, Груевски кој викендов во Охрид учествуваше на состанокот на  Виенскиот економски форум посветен на туризмот  рече дека Владата до крајот на оваа година планира да отвори тендер за продажба на  атрактивни локации во Охрид, Скопје и можеби во Дојран. Процедурата ја води министерсвото за транспорт. Се очекува тендерот да заврши до мај, а неколку месеци подоцна да се склучат договори со инвеститорите за изградба на тие хотели.


во Охрид ќе се градат елитни хотели-Груевски

“Во Македонија нема бренд во хотелиерството и тоа е хендикеп за нас“, рече Груевски кој најави дека најмалку 2 светски брендови се заинтересирани за изградба на хотели на понудените локации.

Груевски очекува позитивни резултати во туризмот и од издавањето на плажите на охридското крајбрежје под концесија. Премиерот најави одредени интервенции на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, кој заедно со скопскиот ќе биде  издаден под концесија. Тендерот  ќе биде отворен во јули, а потенцијалниот концесионер ќе биде познат во септември рече Груевски кој најави дека Владата во договорот со него ќе бара сериозни инвестиции во првите 18 месеци.

Г. Момироски