Премиерот на Република Македонија Никола Груевски утре (7-ми август) доаѓа во посета на општините Охрид и Дебрца.
Според најавите, премиерот ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а ќе биде дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта.
Исто така премиерот ќе го посети и селото Требеништа каде што ќе присуствува нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала.
Во Охрид премиерот Груевски во придужба на челниците од општина Охрид, свечено ќе го пушти во употреба кружниот тек помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „Бистрица“.
OhridNews