Најранливите категории граѓани, пред се пензионерите, примателите на загарантирана социјална помош, младите, односно студенти и средношколци ќе добијат државна помош со прераспределбата на Буџетот кој е доставен до Собранието, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи ригорозни мерки за зголемувањето на цените во малопродажбата.
Одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид на градежните работи за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош тој ги потврди најавите на министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи дека веќе се издвоени финансиски средства за најранливите категории граѓани.
Сметам дека финансискиот антикризен пакет треба да биде обемен за да опфати повеќе граѓани, кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства во текот на зимските месеци. Со оглед на тоа дека се работи за категорија граѓани кои не можат да остваруваат дополнителни приходи, изјави Ковачевски.
Премиерот Димитар Ковачачевски денеска повтори дека измените во Крвичниот законик, за кој имаше забелешки во јавноста дека се донесени експресно и без претходна јавна дебата, се усвоени со це
Тој информира дека вчера со министрите за економија и за финансии разговарале за движењето на цените во малопродажбата и оти забележале нивно нереално зголемување.
Она што го увидовме од статистичките анализи изработени од експерти во Министерството за економија, но и од надворешни експерти се забележува зголемување на цените и профитите во малопродажбата. Соодветно на тие анализи ќе бидат предложени ригорозни мерки од Владата и нема да има пардон. Сигурно ќе има негодувања, но нема да дозволиме во време на криза некој да ги зголемува своите профити во апсолутен износ на сметка на граѓаните, кои треба да врзат крај со крај, нагласи претседателот на Владата.
Посочи дека во опција е и замрзнување на цените, нагласувајќи дека мерките ќе бидат ригорозни.
OhridNews