Премиерот Никола Груевски од Охрид, каде престојувачше во работна посета, ги осуди инцидентите во населбата Нерези, што се случија  пред и по завршувањето на фудбалскиот натпревар Македонија – Вардар во неделата. Според него тоа се настани кои мора да се осудат независно од чија страна дошле.

– Независно кој прв почнал тоа се настани што треба да се осудат. МВР беше активно вклучено и се чини дека навремено интервенираше. Преостанува министерството сега да ги анализира состојбите, да ги најде виновниците и да си покрене судски постапки против оние кои што ги направиле проблемите, рече Груевски.

Премиерот се воздржа од одговор на прашањето дали можеби инцидентот има етничка позадина, се додека, како што рече, не го погледне извештајот на МВР.

– На прв поглед се чини дека имаше и одреден таков момент, но сепак за официојално нешто да кажеме или да потврдиме би требало МВР да направи точна анализа да ни ја претстави на Влада и тогаш да знаеме точно кои биле мотивите и причините, дали биле од етничка природа и.т.н., додаде Груевски.

Ohridnews