Неодамна откриениот прв филм на Алфред Хичкок „Бела сенка“ бил прикажан на Беверли Хилс во киното на Академијата на филмски уметности и науки. Прикажани биле само првите 30 минути од немиот филм, а на прикажувањето присуствувале ѕвездите на филмовите на Хичкок, Ева Марија Сант, Дајана Бејкер, Вероника Кетврајт, Ед Лотер и Норман Лојд.


Филмот во САД го дистрибуирал Мајрон Селчник, брат на легендарниот Дејвид Селчник, кој го продуцирал филмот на Алфред Хичкок „Ребека“ од 1940 година. Изгубената снимка на „Бела сенка“ била пронајдена пред неколку седмици на Нов Зеланд, а се верува дека станува збор за првиот филм на славниот режисер. Во филмот играат Клајв Брук и Бети Компсон, а бил опишан како „дива мелодрама“.