Во охридскиот Центар за култура, вчеравечер, премиерно беше изведена театарската претстава „Се до полноќ“ од Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид.
Тема на претставата е иселувањето на младите од Охрид, ентузијазмот на младите во уметноста во Охрид, условите и начинот на подготовка, емиграцијата на младите од Охрид во потрага по подобар живот надвор од земјата, што е потребно за Охрид да ги задржи младите во својот град и својата држава.
Во претставата играат: Јован Цветкоски, Томе Укоски, Климентина Гилевска, Франческа Винченци Маркулевска, Огнен Секулоски, Евамарија Баткоска, Илија Левески и Мила Коруновска, кои за изведбата беа наградени со аплаузи.
Фото галерија:
Претставата „Сe до Полноќ“, ќе биде прикажана и репризно вечерва, 22 декември. во 20 часот.
OhridNews