Клубовите од Премиер лигата во зимскиот преоден рок потрошија 295 милиони фунти (353,5 милиони евра) на играчки засилувања, објави денеска финансиската и консултантска компанија „Дилојт“, наведувајќи дека тоа е највисок износ за трансфери од 2018 година.

Повеќе од 50 отсто од вкупната сума отпаѓа на петте најслабо пласирани екипи во англиското првенство.

Парите што во зимскиот преоден рок се потрошени на играчки засилувања, исто така, е за дури четири пати поголема во споредба со 2021 година, кога беа инвестирани 70 милиони фунти.

Овој преоден рок покажува дека влијанието на коронавирусот врз Премиер лигата опаѓа и оти потрошувачката е на нивоата од пред пандемијата и една од најголемите која ја имаме видено во јануарски преоден рок, изјави Дан Џонс од „Дилојт“.

OhridNews