Летниот преоден рок оваа година во Англија траеше до почетокот на Премиер лигата, односно до 9 август, а како сега стојат работите, клубовите подготвуваат побуна доколку нешто не се смени за наредната година.
Англиските медиуми објавија дека клубовите не биле задоволни од она што успеале да го сработат во преодниот рок бидејќи немале доволно време за да донесат квалитетни засилувања.
Поради тоа, претставниците на клубовите кон крајот на овој месец ќе одржат состанок со челниците на Премиер лигата. На состанокот тие ќе имаат само едно барање, а тоа е преодниот рок да трае како и претходно, до 31 август.
За да ја остварат оваа намера, потребно е најпрвин најмалку еден клуб да го изнесе предлогот, а потоа најмалку 14 клуба да ја прифатат идејата.
OhridNews