Данска ќе додели уште 90 милиони евра воена помош за Украина, а Шпанија 200 тони воен материјал, изјавија денеска премиерите на двете земји, кои беа во посета на Украина.

За време на посетата на Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра, со што вкупната воена помош на скандинавската држава ќе се зголеми на 146 милиони евра.

Фредериксен денеска ја посети Бородјанка, предградие на главниот град на Украина, заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез

Брод на шпанската морнарица денеска отплови за Полска со 200 тони муниција и опрема. Превезува 30 камиони, неколку специјални возила за тешки товари и 10 помали возила со воен материјал кои ќе бидат пренесени во Украина, рече тој.

Мадрид досега на Украина и испорача десетина авиони со воен материјал.

Санчез изрази шокираност по посетата на Бородјанка, велејќи дека е „вознемирувачки да се видат ужасите и злосторствата од војната на Путин“ на улиците на градот.

„Нема да го напуштиме украинскиот народ“, напиша Санчез на Твитер. Двајцата левичарски владини лидери потоа се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Непосредно пред да ја посетат Бородјанка, таму беа пронајдени уште две масовни гробници, а на некои од жртвите може да се забележат траги од тортура, велат украински извори.

OhridNews