мериканската тинејџерка Коко Гауф го освои првиот грен – слем трофеј во кариерата, откако помогната од своите навивачи и нивната френетична поддршка ја совлада со пресврт Белорусинката Арина Сабаленка со 2-1 во синоќешното финале на УС Опен.

Гауф со загуби првиот сет со 2-6, а на самиот старт на вториот сет Сабаленка имаше две брејк топки, но американската тенисерка се извлече од ситуацијата и тоа што пресвртен момент во натпреварот.

Деветнаесетгодишната Гауф ги освои преостанатите два сета со 6-3, 6-2 и ја освои премиерната титула во своето второ грен – слем финале, по ланското на Ролан Гарос, кое го загуби од Ига Швјонтек.

Сабаленка остана на една грен – слем титула, која ја освои на почетокот на оваа година на Австралија Опен.

И покрај поразот, 25-годишната белоруската тенисерка од утре ќе го запоседна првото место на ВТА листата.

OhridNews
Фото: МИА/Фејсбук