Центар за култура „Григор Прличев“

Од 12.12.2020 - 18:00 до 12.12.2020 - 19:30

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид  – Народен Театар Охрид, ја најавуваат премиерата на новата претстава “Сопружници” од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Борис Далчев, Ванчо Василев…

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите. – вели режисерката Драгана Таневска

Премиерата на претставата е во сабота 12. декември во 18:00 часот, а поради актуелната здравствена состојба таа ќе биде од затворен тип, информира НУ Центар за култура Охрид.

Новата претстава „Сопружници“ ќе биде ставена на редовниот репертоар на Народниот театар Охрид во 2021 година, кога ќе може да ја види и пошироката публика.

OhridNews