Во рамки на програмата на Охридско лето вечeрава со почеток во 21 часот во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одигра Премиерата на театарската претстава „Слуга на двајца господари“.
Претставата е копродукциски проект на Турскиот театар и на Албанскиот театар, по повод одбележувањето на 65-годишнината од основањето. Режисер на претставата е Јуџел Ертен.
„Слуга на двајца господари“ од Голдони е напишана во 1753 година. Претставата е комедија за напорот на истрајните вљубени, невини, млади карактери каде што најприродно е концепцијата да се движи во рамките на трите јазика и фантастичната лингвистичка мешавина која опстојува во Македонија.
Во претставата играат актерите Тамер Ибрахими, Несрин Таири, Емине Кадриу, Неат Али, Сефедин Нуредини, Аида Елези, Селпин Керим, Осман Али и други. За сценогрфијата на претставата се погрижио Валентин Светозарев, а за костимите Благој Мицевски.
OhridNews