Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата на НУ Албански театар – Скопје, „Предавање“, од Мартин Мек Донах, а во режија на Ќендрим Ријани.
Се работи за црна комедија и приказ на различни човечки судбини, односно слика на времето во кое живееме со сите недостатоци и проблематики.
Инаку, Ријани дипломирал режија на Факултетот за сценски уметности при Универзитетот за уметности во Тирана, каде се стекнал и со титулата магистер за театарска режија и режија на спектакли. Од 2009 год. до денес успешно реализирал десетина проекти на театарските сцени во Албанија. Моментално е асистент на Факултетот за сценски уметности во Тирана.
OhridNews