Драмскиот тетар од Скопје вечерва на Охридско лето премиерно ќе ја изведе претставата  „Сон на летната ноќ“  од Шекспир, а во режија на Коле Ангелоски.

Се работи за една од најзначајните претстави на овогодишното издание на Охридско лето. Делото „Сон на летната ноќ“ е една од најиграните претстави и вистинска драмска класика, истакна драмскиот селекторот на фестивалот, Ѓорѓи Јолески.

Претставата „Сон на летната ноќ“ е прва од петте премиери од областа на класиката што ќе ги изведат македонските театри на фестивалот Охридско лето.

Претставата ќе се одигра на сцената кај хотелот „Парк“ со почеток во 21ч.

Ohridnews