Ракометарите на Охрид попладнево во 18.30 часот со спортската сала „Билјанини извори“, во рамки на третото коло ќе го одиграат премиерниот натпревар во новата сезона во Супер лигата. Противник ќе им биде екипата на Борец. Покрај овој натпревар, на програмата денеска е и средбата помеѓу Пролет и Пелистер.
Вчера Радовиш го совлада Вардар Јуниор со 31:25, а Прилеп загуби дома од Работник со 19:25. Ден предходно, во петокот Работнички претрпе пораз исто така дома од Металург 2 со 27:33.
OhridNews