Во сабота на 21-ви март 2015 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, драмското студио „Миладин“ премиерно ќе ја изведе претставата „Пепелашка“.

Драматизацијата и режијата на претставата се на Ристе Миладин, a во претставата играат актерите: Вероника Димоска, Сара Стефановиќ, Анастасија Тотовска, Сара Наумоска, Јована Беќароска, Моника Коруноска, Ристе Миладин, Бојан Крстески и Илија Ќосески.

Претставата ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 70 денари.

OhridNews