Центар за култура „Григор Прличев“

Од 20.10.2024 - 20:00 до 20.10.2024 - 22:00

Премиера на претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин, во изведба на Народен Театар Охрид, во недела, 20-ти октомври, со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороскса- Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа.

Претпремиерата ќе биде изведена во сабота, 19 октомври со почеток во 20 часот.

Цената на билетот е 300 денари за претпремиера, 400 денари за премиера. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews