Дејствува на полето на културата во контекст на особеностите на градот, а во релација со современите пристапи на уметноста. Везденски групата ја сочинуваат млади еминентни имиња, кои допрва треба да блеснат како уметнички потписи на македонската сцена.
Првата продукција на групата е драмскиот рецитал “Ајштајновите Сништа“–адаптација на делото на Ален Лајтман, одржана во јули 2009.
Поединците од групата, во Струга, постојано оставаат уметничко културни белези. Ова лето тие имаа свои индивидуални изложби, промоција на книги, се имплементираа нови креативни програми како вид настава за млади и креираа мрежи кои би помогнале во креирањето на едно покултурно читање на градот.
.