Претставата “Григор Прличев“  во режија на Ацо Атанасов – Митуш денеска премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.  Улогите во претставата ги играат шеснаесет гимназијалци.

„На  охридската публика ќе и претставиме дел од нашата реална историја за која охриѓани ни чуле ни виделе. Великанот Прличев, ќе го претставиме точно во правец на неговата литературна и духовна борба против грчкиот јазик и настојувањата истиот да биде отфрлен од употреба и заменет со македонскиот“, истакна неодмна на промоцијата на претставата режисерот, Ацо Атанасов-Митуш.

Претставата е работена според драмскиот текст на Миле Волканоски „Григор Прличев“ за кој тов во 70-те години од минатиот век ги добил најпрестижните литературни награди и признанија. Текстот е пишуван врз основа на реални настани и случки, вели авторот. “ Идејата да го напишам текстот се базира на еден настан кој во 1945 година ми го раскажа охриѓанката,Санта Пирузева. Нејзините кажувања за јавно употребување на словенскиот јазик во црквите во 1869 година ме наведуваа постојано да истражувам и да доаѓам до реални факти кои подоцна ги изнесов во мојот текст“, рече Волкановски.

По “Григор Прличев“, која вечерва во 19:30ч. премиерно ќе биде изведена, охриќани на почетокот од мај ќе имаат прилика да ја видат и комедијата  “Жена ми се вика Борис“, во режија на Жанко Голабоски.

А. Белеска
Г. Момироски