Центар за култура „Григор Прличев“

Од 27.04.2024 - 20:00 до 27.04.2024 - 22:00

Театарската претстава „Госпоѓа Министерка” од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски премиерно ќе биде изведена во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид / Народен Театар Охрид во сабота, 27 април со почеток во 20 часот.

Во претставата играат Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Предпремиерата е закажа за ден претходно, на 26 април во 20 часот.

Карти од денес се во продажба на билетарата на Центарот за култура по цена од 250 денари.

OhridNews