Претставата која е своевиден “политички мјузикл” зборува за актуелните теми во земјата на патот за Европа.
Заради големиот интерес претставата ќе се игра три пати едно по друго. Предпремиерата е на 16-ти декември четврток, а цената на билетот ќе биде 100 денари. За премиерата кој ќе се одржи на 17-ти декември, билетите ќе се продаваат по цена од 200 денари, а првата реприза е на 18-ти декември, по цена од 150 денари.
Улогите ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ, Билјана Билаловиќ и Стрезо Стаматоски.
Сите претстави почнуваат во 20 часот во малата сала при Центарот за култура Григор Прличев.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и локалната самоуправа.