Компанијата LG Electronics (LG) го претстави LG G Pad, таблет со екран со дијагонала од 8,3 инчи, кој е најновиот член на G серијата премиум преносливи уреди. Како прв модел од категоријата 8-инчни таблети кои користат Full HD екран, LG G Pad овозможува совршено корисничко искуство, со големи можности за поврзување со други уреди. Официјалната премиера на овој модел ќе се случи на ИФА саемот кој ќе се одржи наредната недела во Берлин.
„Со претставувањето на LG G Pad таблетот, ја комплетиравме G серијата која ги опфаќа најсовремените преносливи уреди на нашата компанија“, изјави dr Jong-seok Park, претседател и извршен директор на компанијата LG Electronics Mobile Communications. „Исто така веруваме дека новиот G Pad ќе биде многу ценет од страна на нашите корисници ширум светот.“
Иако поседува голем екран, LG G Pad има тенок и елегантен облик балгодарение на кој може да стои на дланката на едната рака. Покрај тоа, користи и моќна 4600mAh батерија која му овозможува долготрајна употреба, а со тежина од вкупно 388 грама може да се каже дека е навистина лесен како пердув.
Покрај главните карактеристики кои ги поседуваат останатите модели од G серијата, LG G Pad е прв од класата 8-инчни таблети кој користи Full HD дисплеј. Екранот со 1920 x 1200 WUXGA (Widescreen Ultra Extended Graphics Array) резолуција овозможува исклучителен приказ на сликата. Покрај тоа, Qualcomm® Snapdragon™ 600 процесорот (1.7GHz Quad-Core CPU) дава можност за репродуцирање Full HD содржини без каков било намалување на квалитетот.
LG G Pad 8.3 исполнува многу комплексни услови кога е во прашање спојувањето на нови технологии и поврзување на различни уреди. Благодарение на единствената QPair апликација, секој повик, порака примена на смарт телефонот ќе биде прикажана на G Pad таблетот во совршено компатибилен облик. На тој начин, корисниците би можеле да испраќаат едноставни одговори користејќи го токму LG G Pad. QPair апликацијата исто така овозможува на G Pad таблетот лесно поврзување со различни уреди на други производители (се препорачува Jelly Bean OS). Белешките направени на G Pad QMemo апликацијата исто така можат многу едноставно да се сочуваат на смарт телефонот на корисникот и потоа да се споделува со други уреди.
Благодарение на Full HD дисплејот од 8,3 инчи, корисничкото искуство на LG G Pad таблетот е оптимизирано на големиот екран. Функцијата Slide Aside пружа можност за мултитаскинг со едноставно отстранување на отворените апликации лизгајќи три прста во страна. QSlide функцијата конттролира и до три различни апликации во еден прозорец без било какви прекини, што е особено поволно на големите екрани. KnockON го вклучува и исклучува уредот кога корисникот два пати брзо ќе го допре екранот.
LG G Pad 8.3 ќе биде достапен на клучните пазари како Северна Америка, Европа и Азија, како и останатите региони почнувајќи од четвртиот квартал на 2013 година. Цените ќе бидат објавени при претставувањето на уредот.
OhridNews