Драмското студио „Миладин“ од Струга вечер на големата сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга премиерно ќе ја изведе својата најнова комедија „Економската криза на сцена“. Драматизацијата и режијата е на струшкиот режисер и актер Ристе Миладинов.
Пиесата е во изведба на повозрасната група на драмското студио „Миладин“ која ја сочинуваат: Ристе Миладин – Сотир, Наталија Смаќоска – Антонија, Сара Стефановиќ – Стефанија, Милан Блажески – Бобан, Бранкица Петковска – Маргарита, Имер Асоски – Тодор, Никола Јаканоски – Свекорот, Бојан Крстески – Полицаецот и Даниел Спироски – Погребалното.
Светот го зафати сериозна економска криза и скоро да нема човек кој не е загрижен заради тоа. Но, благодарение на драмското студио „Миладин“, ќе можеме накратко, но убаво да се насмееме на целата економска криза гледајќи ja на театарска сцена, најавува драмското студио „Миладин“ .
Билетите можат да се купат на билетарницата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.