„Љубов во струшко Нерези“ е насловена најновата комедија на драмското студи „Миладин“, што вечер премиерно ќе биде изведена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Режисер на претставата е Ристе Миладинов, кој вели дека се работи за вистински настани што се случувале во струшкото село Нерези во минатиот век.
Ќе прикажеме како се водела љубов меѓу младите во Нерези во минатиот век. Главна протагонистка во комедијата е Таса, која запливува во љубовните води, но постојано менува љубовници и се заплеткува во сопствената мрежа. Настаните се вистинити, а личностите измислени, но некој може и да се препознае во нив, истакна Миладинов.
Тој ја повикува публиката да ја проследи урнебесната комедија и да се изнасмее на љубовната приказна што некогаш се случувала во Нерези.
OhridNews