Ракометниот клуб Моби Дик в недела на 6 октомври со почеток од 18:00 часот ќе го одигра првиот натпревар пред домашната публика во Првата лига и тоа против Универс.

Дебитанската сезона „китовите“ ја започнаа со победа на гостински терен против Пелистер 27-23 што им дава поголем мотив за победа во втората рунда.

– Атмосферата во клубот е на високо ниво, а тоа го демонстриравме во Битола против Пелистер. Таа победа беше вовед за она што следува в недела на домашен терен против Универс – изјави Јованка Цветаноска Јованоска.

Мх.П.