Центар за култура „Григор Прличев“

Од 29.10.2020 - 20:00 до 31.10.2020 - 21:30

Филмот „Стела“ премиерно ќе биде прикажан на во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во деновите 29, 30 и 31 октомври, со почеток во 20.00 часот. Влез 150 денари.

По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, кучето Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови вербата во животот.

Филмот „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо, вели продуцентот Огнен Антов.

Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија. Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.

Проекцијата на филмот и присуството на пубика ќе биде во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19, информира Центарот за култура.

OhridNews