Во рамки на чествувањата на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид, вечерва во големата сала на Општина Охрид, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски Раскажи песно: „Охрид, Охрид, ував мил“, посветен на богатото музичко наследство на Охридскиот регион.
Филмот говори за чалгијата, трубадурите, за инспирацијата и приказните од градот.
Почетокот на проекцијата е во 19 часот, а влезот е слободен.
Г.М.