„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на охриѓанецот Илија Пиперковски, на 31- ви октомври, сабота, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан во охридскиот Центар за култура “Григор Прличев”. Филмот ќе може да се проследи и на 1-ви, 2-ри и 4-ти Ноември со почеток во 20.00 часот.Влез 100 денари.
Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска.
Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…Тоа е Последниот Македонец… Оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно со исти ликови, а различни карактеристики, со неколку чекори сè уште во историјата.
Продуцент на „Последниот Македонец – патот до истребување “ е Снежана Лупевска-Созен, извршни продуценти се Огнен Антов и Владимир Анастасов.
OhridNews