Вчеравечер во рамки на фестивалот Охридско лето, Македонскиот народен тетар од Скопје, премиерно ја изведе претставата „Дундо Марое“, од најпознатиот дубровнички комедиограф, Марин Држиќ.
Претставата што ја режираше Драгана Милошевска Попова, беше едно поинакво видување на најпознатата комедија на Држиќ. Во неа учествуваа плеада докажани македонски актери, како и гости од Хрватска, меѓу кои беше и ќерката на премиерот Иво Санадер, Петра Санадер.
Иако се работи за комедија, претставата што се одигра во предворјето на ОУ „Св. Климент Охридски, не ја насмеа публиката, и остана впечатокот дека имаше недоречености во претставата, а изостана и флуидот помеѓу актерите на сцената.
Ohridnews