Центар за култура „Григор Прличев“
Од 13.12.2021 - 19:00 до 13.12.2021 - 20:30
Документарен филм „Јас сум Грета“, биографскиот филм „Грета“ на шведскиот режисер Нејтан Гросман, премиерно прикажан во Венеција, доаѓа во македонските кина во месец декември. Кино-премиерата е закажана во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ -Охрид во понеделник 13.12.2021 со почеток во 19:00 часот.
Документарниот филм ГРЕТА го следи животот на оваа млада активистка од првиот климатски штрајк, преку патување со одржлива едрилица во САД, до серија говори што таа ги одржала во влијателни институции ширум светот. Таа го покажува и својот однос со семејството и борбата со Аспергеров синдром.
Од започнувањето на глобалното движење, Грета се сретна со голем број моќни политичари и други јавни личности, познати по нејзиното остро обраќање до шефовите надржави во Обединетите нации, но и поради мотивирањето на милиони млади луѓе ширум светот да размислуваат за климатските предизвици. Со својот активизам таа се обидува да укаже колку се опасни климатските промени, а драстични промени на ниво на поединечни земји се уште не се направени, велат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Во март 2019 година, Грета Тунберг беше номинирана за Нобеловата награда за мир, а магазинот Тајм ја прогласи за личност на годината.
Се надевам дека сите што го гледаат филмот конечно ќе разберат дека младите не учествуваат во училишниот штрајк за забава. Протестираме затоа што немаме избор. Многу работи се случија откако го почнавме штрајкот, но за жал сè уште сме заглавени на почетокот. Никаде не ја наоѓаме многу потребната промена и одреден степен на свесност за заканата за нашата планета. Се што бараме е нашето општество да ја третира климатската криза како вистинска криза и да ни овозможи сигурна иднина изјави Грета Тунберг.
Картите по цена од 100 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Филмот ќе се прикаже со почитување на здравствените протоколи.
OhridNews