Документарниот филм посветен на еден од највлијателните современи автори од шпанското говорно подрачје, мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко, ќе биде премиерно прикажан вечерва во Спомен домот „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Поетот Печеко ја доби наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2013 година. Од неговото присуство на СВП беше снимено интервју со овој голем и потврден поет, како и искажувања за неговото творештво од значајни македонски и странски авторитети во книжевноста.

Филмот е работен по сценариото на Диме Ратајкоски, а е во продукција на Македонската телевизија. Монтажата е на Ирена Белул.

Хосе Емилио Пачеко почина во јануари годинава на 74 годишна возраст. Според неговата биографија тој е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на Мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда „Сервантес“.

OhridNews