Филмот „50 нијанси – сиво“ премиерно ќе биде прикажан на денот на вљубените 2015 година, пренеле странските агенции. Сем Тејлор-Џонсон ќе ја режира филмската адаптација на еротксиот роман на Е.Л Џејмс.
Милијардерот Кристијан Греј ќе го игра Џејми Дорнан, а наивната студентка Анзастазија Стил Дакота Џонсон. Почетокот на снимањето е поместено за 2 декември поради заминувањето на Чарли Ханам, кој првобитно требало да го игра Кристијан Греј.