По примерот на НБА, англиската Премиер лига ќе отвори „Куќа на славните“ во која место ќе добијат најзаслужните фудбалери за афирмирање на фудбалот во Англија и светот.
Двајца фудбалери ќе бидат примени на почетокот во „Куќата на славните“. Официјалното отварање е закажано за 19 март.
Од 1992 година, во Премиер лигата играле фудбалери од светска класа. Местото во „Куќата на славните“ е резервирано за најдобрите фудбалери. Објектот ќе биде одлична можност за навивачите да се присетат на она што било претходно и да ни помогнат за уште подобри и поголеми успеси во иднина. – изјави директорот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.
Во „Куќата на славните“ ќе бидат примени пензионирани фудбалери кои оставиле силен белег во Премиер лигата.
OhridNews