Англичаните ќе го вратат стариот термин на летниот преоден рок, откако експериментот со скратувањето се покажа не успешен. Премиер лигата новите измени ќе ги имплентира одма и ќе стартуваат од летниот преоден рок оваа година.

Екипите доставија барање до Премиер лигата летниот преоден рок да трае до почетокот на новата сезона, а не до 1 септември како во другите лиги во светот. Екипите вака побараа за да можат да се заштитат од заминувањето на играчите кои ги поминале речиси целите подготовки. Експериментот се покажа не успешен, бидејќи екипите од другите лиги се уште можат да ангажираат фудбалери кова веќе англичаните не можат.

Англиската Премиер лига ќе го врати стариот термин во летниот преоден рок. Тој ќе стартува од 1 јули и ќе трае до 1 септември. Составите од Премиер лигата се едни од најголемите потрошувачи на трансфер пазарот и се очекува тој тренд да продолжи.

Новитет од оваа сезона е зимската пауза која моментално е активна во Премиер лигата. Според сите впечатоци таа ќе биде користена и во следните сезони.

OhridNews