Во Премиер лигата од следната сезона повторно ќе бидат дозволени само три измени, решија клубовите на средбата кои ја имаа со челниците од најквалитетната лига во Англија.
Според „BBC“, клубовите гласале да се вратат на старото правило затоа што сметале дека повеќе промени им одговараат на најсилните и најбогатите.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) дозволи уште две измени поради обемот на натпревари на фудбалерите по „рестартирањето“ на сезоната, првично до септември, а потоа го продолжи тоа правило до август 2021 година.
Ова значи дека пет измени, доколку така решат надлежните, ќе можат да се користат во репрезентативните натпревари, ЕУРО и Копа Америка, следното лето.
OhridNews