Новата сезона во Премиер лигата нема да има спектакуларен почеток, откако квалитетните екипи се избегнаа во првата рунда.
Бранителот на трофејот Ливерпул сезоната ќе ја отвори против повратникот во елитата Лидс, додека од поинтересните пресметки се издвојуваат средбите Тотенхем – Евертон и Фулам – Арсенал.
Мечевите на Манчестер Јунајтед и Сити против Барнли односно Астон Вила ќе бидат одложени.
Сезоната стартува на 12 септември.
Двојки 1 рунда:
Барнли – Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити – Астон Вила
Кристал Палас – Саутемптон
Фулам – Арсенал
Ливерпул – Лидс
Тотенхем – Евертон
ВБА – Лестер
Вест Хем – Њукасл
Брајтон – Челси
Шефилд Јунајтед – Вулверхемптон
OhridNews