Манчестер Сити освои само бод на гостување кај Лидс ремизирајќи 1-11, додека Челси со 4-0 го совлада Кристал Палас во рамките од 4-та рунда во англиската Премиер лига.

„Граѓаните“ имаа водство на полувреме со погодокот на Рахим Стерлинг. Фудбалерите на Лидс со многу подобра игра во вториот дел успеаја да освојат бод и да му зададат нов удар на Пеп Гвардиола во битката за врвот во англискиот фудбал.

„Сините“, пак, во вторите 45 минути го „скршија“ отпорот на Кристал Палас. Противникот го „начна“ Бен Чилвел со дебитанскиот погодок, а потоа прецизни беа Зума и Жоржињо кој два патија затресе мрежата од белата точка.

Резултати:

Челси – Њукасл 4-0

Евертон – Брајтон 4-2

Лидс – Мен Сити 1-1

Њукасл – Барнли (20:45ч)

OhridNews