Англискиот фудбалски клуб Брајтон објави рекорден профит од 122,8 милиони фунти во фискалната 2022/2023 година, што е најуспешна сезона во историјата на премиерлигашот.

Добивката по оданочување порасна на годишно ниво за речиси 100 милиони фунти, од 24,1 милиони, а прометот се зголеми за 17,2 отсто на рекордни 204,5 милиони фунти, објави Би-Би-Си.

Брајтон минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата, стигна до полуфиналето на ФА Купот и имаше огромни трансфери на неколку клучни играчи.

Ова секако ќе го привлече вниманието поради водечките бројки. Во сезоната во која испишавме историја на теренот, направивме огромен чекор напред кон долгорочната цел на клубот да стане поодржлив, помалку потпирајќи се на дарежливите инвестиции на сопственикот Тони Блум, рече извршниот директор на Брајтон, Пол Барбер.

Рекордните бројки на Брајтон се објавени во време кога неколку клубови од Премиер лигата се соочуваат со казни поради прекршување на правилата поради големи финансиски загуби.

OhridNews

фото. Фејсбук/МИА