Премиерот на малиот пацифички остров Вануату останал без работа бидејќи на парламентот не му доставил писмено објаснување за својата отсутност. Едвард Натапеи не присуствувал на три седници, а на парламентот не му објаснил зошто.


Бил на службено патување и единственото нешто што требал да го направи е да испрати потврда за отсуство. Луѓето од неговата канцеларија заборавиле на правилото за три последователни изостаноци. Парламентот веднаш свикал итна седница, а сега поранешниот премиер побрзал да стигне од својата куќа во Тринидад и Тобаго. Вануату до следниот избор ќе има привремен премиер.