Согласно утврдената динамика и процесот на прегледувањето и обработката на резултатите, прелиминарните резултати за екстерните испити од државната матура ќе бидат објавени наредната недела, велат од Бирото за развој на образованието.

„По објавувањето на прелиминарните резултати, матурантите кои не се задоволни имаат право да поднесат приговор. Очекуваме кон крајот на месец јули да бидат објавени конечните резултати,“ изјави Весна Хорватовиќ од Бирото за развој на образованието.

Екстерните испити од државната матура по предметите: мајчин јазик (македонски, албански, турски), математика (основно и напредно ниво), странски јазици (англиски, француски, германски и руски), беа спроведени на 12 и 14 јуни.

Од Бирото најавија дека по објавувањето на прелиминарните резултати ќе можат да проценат каков е успехот по предметите во споредба со минатата година и каков е успехот поединечно по предмети.

OhridNews
извор: Makfaks