Јужноафриканецот Мат Силвер-Валенс успеал прикачен на 160 балони наполнети со хелиум, да прелета десетина километри над Атланскиот Океан. Летот од островот Робен до Кејп Таун траел еден час на просечна висина од околу 200 метри. При спуштањето, кое поради поголема безбедност било извршено во морето, 400 метри од брегот, му помогнале спасувачи кои цело време го следеле со брод.

Мат во авантурата се впуштил во надеж дека ќе собере милион долари, колку што е потребно за изградба на педијатриска болница во Јоханесбург, но и во чест на Нелсон Мандела, кој на островот Робен минал 18 години во заробеништво.